Ал Хилал со понуда од соништата за Алегри


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус соопшти дека Масимилијано Алегри ќе остане тренер на екипата и во следната сезона, но Ал Хилал се обидува да го премисли искусниот стратег со понуда од соништата.

Тренерот на Јувентус пред неколку дена ја доби првата понуда до Ал Хилал, но не ја прифати, па сега екипата од С. Арабија му нуди годишна плата од 20 милиони евра.

Понудата е на три сезони, а тоа значи дека Алегри ќе заработи 60 милиони евра, но засега не е познато дали Италијанецот е подготвен на таков чекор во кариерата бидејќи неговото семејство сака да живее во Торино.

Ал Хилал е заинтересиран и за Нејмар на кого му нуди плата од 200 милиони евра годишно.