Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос е слободен агент, но доби примамлива понуда од Саудиска Арабија, односно од Ал Итихад каде што игра неговиот поранешен соиграч Карим Бензема.
Ал Итихад му понуди двегодишна соработка, па сега е во дилема дали да се пресели во С. Арабија или во Турција.
Според последните информации, Ал Итихад му понудил двегодишен договор со опција да биде прекинат било кога, а притоа ќе заработува по осум милиони евра годишно.
Освен Ал Итихад, за Рамос се заинтересирани и турските гиганти Бешикташ и Галатасарај, па во следниот период ќе се води битка за потписот на Шпанецот.