„Ал-Келаифи ги ‘договори’ судиите, но УЕФА нема да реагира поради 15 милијарди евра“

Реал Мадрид во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони (ЛШ) беше поразен во Париз од ПСЖ со 0-1, а единствениот гол на мечот го постигна Килијан Мбапе.

Шпанските медиуми за поразот го обвинуваат првиот човек на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, кој им одржал лекција на судијата Даниел Орсато и неговите помошници во соблекувалната.

„Ал-Келаифи и Леонардо беа во соблекувалната на полувреме и непристојно се однесувале кон судиите. Не знаеме зошто го направиле тоа. Реал Мадрид не очекува никакви санкции против ПСЖ. Ал-Келаифи ѝ помогна на УЕФА да потпише договор вреден 15 милијарди евра“, пишуваат медиумите.

Овој потег е само за да се покаже големиот бес кој го има раководството на парижаните кон „кралевите“, кои на лето планираат да им го украдат Мбапе, и тоа целосно бесплатно.