Ал Келаифи ги нападна судиите, па Нејмар и Донарума се истепаа во соблекувалната на „Бернабеу“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Реал Мадрид синоќа го елиминираше ПСЖ од Лигата на шампиони (ЛШ) со вкупни 3-2, а тоа предизвика нервоза кај гостите, кои направија хаос по поразот на „Сантијаго Бернабеу“.

Најпрво претседателот на клубот, Насер Ал Келаифи ги загубил нервите по поразот и веднаш тргнал кон соблекувалната на тимот, каде што физички ги нападнал судиите, по што морало да реагира и обезбедувањето.

Веднаш потоа следел хаос во соблекувалната на парижаните, кога Нејмар и Џанлуиџи Донарума се степале поради првиот примен гол на мечот.

Донарума направи грешка поради која му замери Нејмар, па по размена на жешки зборови, тие решиле да се „фатат за гуша“.