Ал Келаифи ќе збесне: Мбапе ќе добие 40 милиони евра ако остане до јули во ПСЖ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот голгетер Килијан Мбапе одби да потпише нов договор со ПСЖ до јуни 2025 година, а тоа го налути претседателот на клубот Насер Ал Келаифи.

Ал Келаифи вчера повтори дека сака да го задржи Мбапе, но само ако потпише нов договор, а доколку не се случи тоа, тогаш Французинот ќе биде продаден во следниот период.

Првиот човек на парижаните кажа дека Мбапе мора да донесе одлука во следните две недели за неговата иднина, но постои можност францускиот напаѓач намерно да почека со конечната одлука, а причина за тоа се 40 милиони евра.

Француските медиуми пишуваат дека Мбапе ќе добие 40 милиони евра како бонус за верност кон ПСЖ, доколку остане во Париз до крајот на јули.