Ал Келаифи: Мбапе не остана во ПСЖ поради парите, имаше тимови кои можат да платат повеќе!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот човек на францускиот шампион, Насер Ал-Kелаифи вели дека младиот напаѓач Килијан Мбапе не потпишал договор до 2025 година поради парите, иако имаше шпекулации дека ќе си замине од клубот.

Еден од најбогатите луѓе во светот на фудбалот застана во одбрана на неговата ѕвезда по обвинувања од Мадрид дека за Мбапе биле поважни паирте.

„Парите не се најважна работа за Мбапе. Во Шпанија има и друг тим кој можеше да плати повеќе од нас. Спортскиот проект беше поважен за Килијан“, вели Ал—Келаифи.

Ал-Келаифи исто така имаше коментар за жалбата што првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас сака да го тужи ПСЖ.