Ал Келаифи: Меси покажа непочит кон ПСЖ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лионел Меси во 2023 година го напушти францускиот гигант ПСЖ и се пресели во Интер Мајами, а во моментов не е во најдобри односи со неговиот поранешен клуб.

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи кажа дека Аргентинецот покажал непочит кон францускиот шампион.

„Имам голема почит кон него, но ако некој сака да зборува лошо за ПСЖ по заминување од клубот, тоа не е добро. Тоа не е почитување. Меси не е лош човек, но неговиот потег не ми се допадна“, кажа Ал Келаифи.

Меси играше две сезони во дресот на парижаните, каде што пристигна откако му заврши соработката со Барселона.