Ал Келаифи оди по одмазда – сака пет ѕвезди на Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот гигант ПСЖ планира да купи пет фудбалери на Реал Мадрид, а причина за тоа биле обидите на „кралевите“ да го купат Килијан Мбапе.

Претседателот на парижаните, Насер Ал Келаифи се налутил и сака да му се одмазди на шпанскиот гигант поради постојаните напади.

На списокот со желби се наоѓаат Орелиен Чуамени, Едуардо Камавинга и Федерико Валверде, додека засега не се откриваат имињата на останатите двајца играчи.

Како што пишува каталонски „Спорт“, во Мадрид планираат да потпишат прелиминарен договор со Мбапе во јануари 2024 година за да може бесплатно да се пресели во Реал, а тоа е одговор на нападот на Ал Келаифи.