Ал Келаифи повторно му се закани на Мбапе


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


ПСЖ врши притисок врз Килијан Мбапе да потпише нов договор, но Французинот одбива да го направи тоа.

Одлуката на Мбапе го налути претседателот на клубот, Насер Ал Келаифи кој повторно му се закани на францускиот напаѓач.

Ал Келаифи пред новинарите повтори дека неговиот став е јасен – нов договор со Мбапе или ќе биде продаден во текот на летото.

„Мојот став е јасен. Не можам постојано да го повторувам. Ако Мбапе сака да остане, тогаш ќе потпише нов договор. Не сакаме бесплатно да го загубиме. Доколку не постигнеме договор, тогаш тој ќе замине уште ова лето“, повтори Ал Келаифи.

Реал Мадрид е главен фаворит за потписот на Мбапе, но за Французинот се заинтересирани и Ливерпул и Челси.