Ал-Келаифи: Реал нудеше богатство, но го познавам Мбапе, не би заминал поради пари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи кажа дека минатото лето одбил 180 милиони евра од Реал Мадрид за Килијан Мбапе.

Реал Мадрид долго време сакаше да го купи Мбапе, но никогаш не успеа во намерите, па на крајот Французинот потпиша нов договор со клубот.

„Ги одбив затоа што знаев дека Реал сака да остане во ПСЖ. Добро го познавам него, но и неговите родители. Тие не би заминале поради пари“, вели Ал-Келаифи.

Ал-Келаифи зборуваше и за претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, кој го нападна францускиот шампион дека го прекршил финансискиот фер-плеј со договорот кој му го понудил на Мбапе.