Ал-Келаифи: УЕФА треба да ги истражи трансферите на Барселона!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи побара од УЕФА детално да ги истражи финансиските детали од трансферите кои ги направи Барселона ова лето.

Барселона има финансиски проблеми, но тоа не ги спречи да реализираат голем број засилувања и притоа да потрошат многу пари, кои ги заработија претходно со продавање на телевизиски и други права.

„Ако ме прашувате дали е фер, ќе ви кажам дека – не е! Дали е законско – не знам, но УЕФА треба да ги истражи трансферите“, кажа Ал-Келаифи.

ПСЖ во минатото доби големи критики поради тоа што преу спонзорски договори носи пари во клубот за да реализира големи договори, а сега Ал-Келаифи смета дека Барселона прави нешто идентично.