Ал Келаифи за Мбапе: Најдобриот фудбалер во светот нема да замине бесплатно!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи го претстави Луис Енрике како нов тренер на францускиот шампион, а потоа одговараше на новинарски прашања за иднината на Килијан Мбапе.

Мбапе е на излезни врати од Париз затоа што не сака да потпише договор до јуни 2025 година и тоа го потврди Ал Келаифи.

„Секако дека не сакаме да си замине бесплатно во 2024 година. Нашиот став останува ист. Ако Мбапе сака да остане, тогаш ќе мора да потпише договор до 2025 година. Ако не се случи тоа, тогаш ќе си замине летово. Килијан има неколку недели за да размисли, по што ќе донесеме конечна одлука. Најдобриот фудбалер во светот нема да си замине бесплатно од ПСЖ“, кажа Ал Келаифи.