Ал Наср со 120 милиони евра сака да го добие потписот на Зидан


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Зинедин Зидан добил понуда од 120 милиони евра за двегодишен договор во Ал Наср, откако екипата реши да го отпушти Руди Гарсија во текот на минатата недела.

Привремен тренер на екипата е Динко Јеличиќ, но тимот од Саудиска Арабија сака уште едно звучно име во својот состав, а тоа е Зидан.

Шпанска „Марка“ објави дека Ал Наср испратил понуда од 120 милиони евра за потписот на Зидан и чекаат позитивен одговор, иако се очекува францускиот тренер на крајот на сезоната да седне на кормилото на ПСЖ.