Ал-Сад ѝ се закани на Барселона поради Чави!


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Барселона се надева дека наскоро ќе го врати Чави во Каталонија, откако пред неколку дена го отпушти Роналд Куман од тренерската позиција.

Серхи ќе биде привремен тренер на каталонскиот гигант, додека се разговара за иднината на Чави, но Ал-Сад засега не сака да го пушти нивниот стратег.

Тимот од Катар ѝ се закани на Барселона дека Чави има двегодишен договор со нив и за да го контактираат, ќе мора прво да имаа состанок со екипата.

„Како одговор на тоа што се појави во јавноста во претходните часови, Ал-Сад потсетува дека Чави има двегодишен договор со тимот и максимално е сконцентриран на натпреварите кои ни доаѓаат, наша цел е да ја одбраниме титулата“, соопштија од екипата.