Ал Сад не сака пари од Барселона за Чави, туку има друг услов


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Барселона уште не пронајде замена за Роналд Куман, кој беше неодамна отпуштен, а како главен кандидат за нов тренер на тимот се споменува Чави Ернандез.

Чави во моментов го предводи Ал-Сад и има договор со тимот од Катар, но подготвен е да се врати во својот поранешен клуб.

Помошниците на Жоан Лапорта синоќа заминаа во Катар, каде што го следеа мечот на Ал-Сад, а потоа разговарале со раководството за да го ангажираат Чави.

Ал-Сад ќе даде дозвола за разделба со Чави и не сака да биде исплатена откупната клаузула, но тие имаат друг услов за Барселона.

Барселона ќе треба да гостува во Катар во иднина за да одигра пријателски меч со Ал-Сад, а тоа ќе им донесе многу повеќе пари отколку да биде исплатена клаузулата за Чави.