Алаба дефинитивно си заминува, само еден клуб може да го плати!


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Австриецот нема да потпише нов договор со Баерн Минхен.

Билд повторно напиша за статусот на Дејвид Алаба, кој за разлика од Томас Милер нема да го продолжи договорот со Баерн.

Според овој извор, Барселона и Реал Мадрид се заинтересирани за неговите услуги, но на оваа трка Кралскиот клуб е многу поблизу до потписот.

Билд ги наведува и зборовите на Зинедин Зидан кој е „заинтересиран” за Алаба и го гледа на неговиот тим. Билд додава и дека платата на Алаба е исто така проблем за Реал Мадрид, кој нема да може да си дозволи да ги понуди истите услови што ги имал на Алијанц арената , така што Баерн создава притисок и чека дефанзивецот да се премисли и да потпише нов договор.

Пред коронавирусот, Барселона размислуваше за Алаба, но сега мора да се сврти кон различни цели и нема пари за да се натпреварува со Реал.

Мадриѓаните се во подобра позиција и поподготвени за оваа претстојна економска криза, останува да се види дали ќе постигнат договор со Баерн, чии раце се врзани, бидејќи Алаба влегува во последната година од договорот.

Треба да се запомне дека Алаба неодамна го ангажираше агентот Пини Захави, кој во фудбалскиот свет е познат како оној кој го завршува бизнисот, што значи дека Австриецот сака да избере нов и вистински клуб.