Алаба го избра бројот четири на дресот во Реал Мадрид 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Репрезентативецот на Австрија, Давид Алаба од денеска е член на Реал Мадрид. Тој потпиша договор со „кралевите“, каде што ќе остане во следните пет години и ќе има годишна плата од 12 милиони евра.

Клубот го промовираше новото засилување, а Алаба веднаш доби и број на дрес, па така од следната сезона ќе го носи бројот четири кој претходно го носеше Серхио Расмо.

Алаба во претходните 13 години го носеше дресот на Баерн Минхен. Одличниот дефанзивец ги освои сите трофеи со германскиот гигант и стана легенда, но не се договори за продолжување на соработката.