Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голема еуфорија ги зафати фудбалерите на Реал Мадрид по пресвртот против ПСЖ, кој им овозможи да се пласираат во четвртфиналето на Лига на шампиони (ЛШ).
Во центар на внимание беше францускиот напаѓач Карим Бензема, кој даде хет-трик, а потоа неговиот колега Давид Алаба имаше урнебесна прослава.
Најдобриот австриски фудбалер пред навивачите на „кралскиот клуб“ го прослави голот со пластично столче, а тоа стана хит на социјалните мрежи.
Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен по мечот на Твитер објави фотографија и испрати порака до ПСЖ.
„Не седи на нашето столче“, беше пораката на Алаба.
Don’t you sit in our chair! pic.twitter.com/lmJAMyM8UD
— David Alaba (@David_Alaba) March 9, 2022