Аларм на „Олд Трафорд“: Јунајтед ќе се бори против Барселона и надвор од теренот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед се наоѓа во моментов во добра позиција за пласман во топ-4 во Премиерлигата, а исто така ќе игра и во четвртфиналето на Лигата на шампиони и тоа против Барселона.

Каталонците ќе имаат шансана дело да го видат Андер Ерера, за кој покажаа интерес и ќе се обидат да го ангажираат на лето.

Шпанецот има важна улога во системот на Оле Гунар Солскјер без разлика на тоа што му завршува договорот за неколку месеци.

Преговорите траат уште од минатата година, но нема никаков знак дека наскоро ќе бидат комплетирани, па Барселона се надева дека ќе стигне до потписот на 29-годишниот фудбалер.

Ситуацијата ја следат и од ПСЖ и Арсенал, но се верува дека Шпанецот е подготвен да се врати во татковината, доколку не го продолжи договорот со Манчестер јунајтед.