Алармот се вклучи во Барселона: Лапорта има нов фаворит за тренер, почнаа преговорите!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона доживеа убедлив пораз од Бенфика со 0-3 во второто коло од Лигата на шампиони (ЛШ) и тоа ги вклучи алармите во Каталонија.

Долго време се шпекулира за отказ на Роналд Куман, иако фудбалерите сметаат дека тренерот не е главен виновник за моменталната состојба во клубот.

Претседателот Жоан Лапорта полека ги презема работите во свои раце и ќе почне со промените во екипата, а според „Мундо Депортиво“, тој прво сака да го отпушти Куман и да го ангажира Андреа Пирло.

Како опција за нов тренер се споменуваше и Роберто Мартинез, но Лапорта ќе одржи почетни преговори со Пирло затоа што е прашање на време кога Куман ќе замине од кормилото.

„Најлесно е да се избрка тренерот од клубот. Сите сме одговорни. Се наоѓаме во критична ситуација“, кажа капитенот Бускетс по поразот.