Албанец од Струга за прв пат пред камерите: Мајка ми го хранеше Ибрахимовиќ…


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ади Хоџа е Албанец со потекло од Струга кој неодамна се најде во центарот на вниманието по коментарите кои ги даде за неговото детство во Малме заедно со Златан Ибрахимовиќ.

Хоџа живеел во Малме блиску до зградата каде живеел Ибрахимовиќ, а во една изјава потврди дека сега расниот голгетер порано бил сиромав и дека неговата мајка често пати му давала леб за да има што да јаде.

„Каков беше малиот Златан? Лош. Секогаш мораше да гледа кој што прави. Го познавам од неговата шеста година. Живееше во оваа зграда, на петтиот кат, а ние живеевме во зградата во близина. Неговата мајка живееше овде, но беа сиромашни. Доаѓаше кај нас по леб, мојата мајка повеќе пати го хранеше. Сега ретко зборуваме со него. Последен  пат зборувавме пред четири години. Тогаш бев во Париз и гледав натпревар на ПСЖ и тоа беше последен пат“ –изјави Хоџа.