Албанец прослави гол како Роналдо, па по мечот Кристијано му го исполни сонот! ?


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Мирто Узуни постигна гол за Ференцварош во поразот од Јувентус во четвртото коло од Лигата на шампиони, а интересно е тоа што албанскиот фудбалер го прослави погодокот во стилот на Кристијано Роналдо.

На ова 25-годишно момче очигледно идол му е Роналдо, па затоа реши да ја имитира неговата прослава, а тоа му беше симпатично и на Португалецот.

Албанецот по натпреварот го замоли Роналдо да му го даде неговиот дрес, а Кристијано со насмевка реши да му го подари.