Албанецот кој втрча на „Сантијаго Бернабеу“ бил од Скопје (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид вчера го елиминираше Манчестер сити со победата од 3-1 и избори пласман во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ), а мечот беше прекинат за момент на почетокот на продолженијата.

Еден навивач втрча на теренот со албанско знаме, по што го прегрна Карим Бензема пред да го фатат од обезбедувањето.

Албанските медиуми во Македонија откриваат дека човекот кој втрчал на стадионот се викал Агими и е од Скопје.