Албански навивачи провоцираа со знаме на Голема Албанија! (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Мечот од третото коло во Лигата на нации во Лигата Б меѓу Албанија и Израел (1-2) го одбележа голем скандал, откако пред почетокот на средбата на трибините се појави знаме од Голема Албанија.

Натпреварот се играше на стадионот во Тирана, а навивачите на домаќинот ја искористија можноста да испратат провокативна порака.

На фотографијата може да се забележи како Албанец, со пијалок во рака, гледа телевизија на која како најнова вест се појавува „Обединување на државата Албанија“.

Се очекува реакција од УЕФА, која секогаш знаеше да казнува поради слични потези, па останува да видиме дали ќе изрече санкција во овој случај.