Але испрати прва порака откако му беше откриен тумор (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Борусија Дортмунд синоќа ја изненади јавноста со информацијата дека Себастијан Але има тумор, а клубот исто така потврди дека новиот напаѓач морал да оди на дополнителни медицински прегледи.

На Але му бил откриен тумор на тестисите, а тоа го изненади напаѓачот, но и клубот, па така фудбалерот во следните денови ќе мора да напрви дополнителни тестови кои ќе покажат што треба да се направи во иднина.

Але во меѓувреме испрати порака преку социјалните мрежи за поддршката која ја доби.

„Ви благодарам на сите за поддршката по вчерашната информација. Сега сум фокусиран на рехабилитација и ќе се вратам посилен“, кажа Але.