Алегри е фаворит за тренерската позиција во Милан

Фото: Принтскрин

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Поранешниот тренер на Милан, Масимилијано Алегри, е фаворит да се врати на чело на “росонерите” по завршувањето на сезоната, известува весникот “Газета дело Спорт”.

Пред две недели, италијанскиот спортски дневник објави дека Роберто Де Зерби е главната цел на раководството на Милан за нов тренер, но тоа се промени откако се смени целото спортско раководство на клубот.

Неодамна, раководителите на Милан се сретнаа со Игри Таре, кој се очекува да стане следниот спортски директор. Според весникот, Серџио Консеисао нема да остане на чело на Милан, дури и ако тимот се квалификува за европските турнири. Во неговиот договор постои клаузула која дозволува секоја од страните да го прекине договорот пред истекот во 2026.

Фото: Принтскрин