Алегри ги „преживеа“ големите промени во Јувентус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанскиот тренер Масимилијано Алегри ќе остане во Јувентус до крајот на сезоната без разлика големите промени кои се случуваат во поранешниот шампион.

Андреа Ањели заедно со цело раководство го напушти тимот, по обвинувањата дека криеле дел од платите на своите фудбалери и вработени за време на пандемијата со ковид-19.

„Калчомеркато“ објави дека сопствениците на Јувентус и новиот претседател побарале од Алегри да остане на кормилото барем до крајот на сезоната.

Алегри се врати во Јувентус минатата година и стави потпис на договор до 2025 година според кој заработува седум милиони евра по сезона, а за негово враќање во тимот најмногу лобираше Ањели.