Алегри: И да заминам, ќе оставам моќен Јувентус!


Финале: Кој до титула? Шпанија по четврти или Англија по прв пат!? ↓↓↓


Јувентус го освои Купот на Италија со победата од 1-0 против Аталанта, но односите меѓу тренерот Масимилијано Алегри и раководството на тимот не се на завидно ниво.

Алегри по натпреварот кажа дека оваа победа е важна за клубот, а смета дека зад себе ќе остави моќен тим дури и да го избркаат од Јувентус.

„Многу сум среќен за момците, тие завршија добра работа, донесоа радост на клубот, навивачите и мене, па јас сум многу среќен. Победата никогаш не е лесна, но тоа е во ДНК на Јувентус. Ако не бидам тренер на Јувентус следната година, со оглед на тоа што тоа сега го разгледуваат луѓето од клубот, ќе оставам моќен тим“, кажа Алегри.