Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Масимилијано Алегри се врати на клупата на Јувентус по две години пауза, па така искусниот 53-годишен тренер ќе се обиде да го освои Скудетото, но и трофејот во Лигата на шампиони.
Алегри има многу желби за засилувања, па на листата со желби се наоѓаат неколку играчи, меѓу кои е и Миралем Пјаниќ, кој претходно играше за Јувентус.
Барселона е подготвена да го пушти 31-годишниот Пјаниќ во размена, додека Јувентус сака да го земе на позајмица со можност за откуп.
Италијанскиот тренер е заинтересиран за Душан Влаховиќ од Фиорентина, Мауро Икарди од ПСЖ, а сака да го задржи и Алваро Мората.
Јувентус покажа интерес и за Никола Миленковиќ од Фиорентина, а претходно со Јувентус се поврзуваа и Мануел Локатели и Џанлуиџи Донарума.