Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми пишуваат дека менаџерот на Кристијано Роналдо, Жорж Мендеш ќе преговара со Јувентус за продолжување на соработката и намалување на платата.
Португалецот нема премногу опции, а остана надеж во ПСЖ, доколку замине Килијан Мбапе, иако такво нешто е малку веројатно.
Тренерот на Јувентус, Масилимијано Алегри на клубот му претставил неколку комбинации во кои би можеле да играат Дибала и Роналдо, а една од нив е 4-2-2 со нив двајца во нападот, додека Рабио и Кјеза би биле на страничните позиции.
Целта е да се вклопат Аргентинецот и Португалецот, зашто Алегри не планира големи засилувања во нападот, а во моментов чека договор со Сасуоло за Мануел Локатели, но и евентуално ангажирање на Миралем Пјаниќ ако биде ослободен од Барселона.
Алегир смета дека со две-три нови засилувања плус задржување на најдобрите играчи, Јувентус ќе биде повторно на врвот во Италија.