Алегри не му простува на Бонучи: Сака капитенска лента? Нека си ја купи!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новиот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри не заборави што направи Леонардо Бонучи во 2017 година.

Алегри и Бонучи немаа најдобар однос во првиот мандат на тренерот во Торино, а искусниот стопер тогаш се пресели во Милан, по што се врати назад.

На денешната прес-конференција Алегри потврди дека Џорџо Кјелини ќе биде прв капитен на Јувентус следната сезона, а негов наследник ќе биде Пауло Дибала

„Ако сака Бонучи да ја носи капитенската лента, нека си ја купи и нека ја носи на рака. Тој го знае тоа, во мојата последна година Манџукиќ и Кедира беа капитени. Тие се бираат на основа на времето минато во клубот. Кјелини е прв, потоа Дибала…“, вели Алегри.

Бонучи во дресот на Јувентус одигра 442 меча и со клубот освои дури 17 трофеи.