Алегри откри кога се враќа на тренерската работа, но најави и нова дестинација


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Масимилино Алегри по завршувањето на минатата сезона го напушти кормилото на тимот на Јувентус после четири години.

Италијанскиот стручњак од тогаш е без ангажман, но неговото име не престанува да се споменува во шпекулациите.

Последните шпекулации италијанскиот стратег го поврзаа со Арсенал, Тотенхем и Баерн.

Тотенхем го замени Покетино со Мурињо додека Баерн и Арсенал треба да пронајдат трајни решенија на тренерската позиција после отпуштањето на Ковач, односно Емери.

Едно е сигурно. Емери нема да оди ниту во еден од споменатите клубови.

Алегри одлучи да се изјасни, а за ЕСПН откри кога ќе се врати на тренерската работа, но откри и каде ќе го има наредниот предизвик. Најверојатно тоа е Англија.

„Се враќам следниот јуни. Нема да се приклучам ниту на еден клуб пред следната сезона. Но, да, зeмам часеви по англиски јазик, тука во Милано“, изјави Макс Алегри.