Алегри откри колкава пауза ќе земе од фудбалот и посочи дека следниот негов клуб ќе е изненадување за многумина


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Масимилијано Алегри се уште не го напуштил Јувентус, но веќе почна да одговара на прашања поставени за неговата иднина и неговиот следен потег.

Алегри по пет успешни години ќе си замине од Торино и кариерата ќе ја продолжи во друг тим. Италијанецот откри дека не сака да прави големи паузи, па така можно е да го видиме уште ова лето на клупата на некој голем клуб.

„Ќе земам одмор само ако морам. Во спротивно, сакам да работам и да пронајдам проект кој би ме убедил. Животот е полн со изненадувања, па мора да бидете подготвени за изненадување околу мојата иднина“ –истакна Алегри.