Алегри по срамните резултати: ова не е тимска игра, мора да работиме…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри се соочува со сериозен притисок од навивачите и јавноста по серијата лоши резултати на клубот од Торино.

Иако се појавија шпекулации дека Алегри ќе добие отказ по дебаклот на гостувањето кај Макаби Хаифа (0-2), сепак претседателот на тимот Андреа Ањели кажа дека нема да се случи такво нешто.

„Мора да останеме смирени. Нашата игра не е на посакуваното ниво. Мора да молчиме и да работиме. Утре се враќаме и до дербито против Торино ќе бидеме во карантин. Не играме тимски и има премногу индивидуални акции“, вели Италијанецот.

Јувентус во следно коло од Лига на шампиони игра против Бенфика и мора да слави, ако сака да остане во игра за осминафинале.