Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Масимилијано Алегри е многу блиску до нов тренерски ангажман, ако може да се верува на шпекулациите на „Тутоспорт“.
По голем број трофеи во Јувентус, следна дестинација на Алегри треба да биде Премиерлигата, односно Манчестер јунајтед.
Искусниот стратег ќе се обиде да ги врати „црвените ѓаволи“ на врвот на Премиерлигата, но дефинитивно за тоа ќе му бидат потребни нови засилувања.
„Тутоспорт“ пишува дека Алегри со себе на „Олд Трафорд“ ќе однесе и двајца фудбалери од екипата на Јувентус, а станува збор за Марио Манџукиќ и Емре Џан, на кои Маурицио Сари не смета премногу, зашто не ги пријави за натпреварите во Лигата на шампиони.