Алегри се скара со поранешен фудбалер на Интер: Тишина! Сега јас зборувам!


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри ниту сезонава нема да може да се израдува на трофејот во Лигата на шампиони бидејќи беше елиминиран во четвртфиналето од Ајакс.

„Старата дама“ во дербито против Интер одигра 1-1, а по мечот Алегри се скара со Даниеле Адани, гостин во емисија на „Скај Спортс“.

„Да се биде тренер не е само да се седне на столче и да се прават теории. Проблемот во Италија е тоа што сите се теоретичари. Јас сум практчен. Тишина! Ти си првиот, кој чита книги и не знае ништо за фудбал. Каде си бил тренер? Во позадина си никој и ништо. Затоа што да се биде тренер е друга тема“, му се „истури“ Алегри на Адани, кој сакаше да му влезе во збор на италијанскиот стратег.