Алегри се враќа во Серија А, и тоа пак на чело на гигант!


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека Масимилијано Алегри наскоро ќе се врати во Серија А, односно ќе седне на клупата на Рома.

Алегри одамна е слободен тренер, откако претходно со многу успех ги предводеше Милан и Јувентус, а сега се очекува повторно на клупа на италијански клуб.

Алегри е подготвен да ја преземе Рома, која е во криза и чиј тренер Пауло Фонсека е блиску до отказ.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека раководството на Рома веќе го конактирало Алегри за да го договори да дојде во Рим, иако претходно се поврзуваше со ПСЖ и Челси.

Алегри ја освои титулата со Милан во 2010/11, а потоа освои дури пет Скудета и четири италијански Купа со Јувентус.