Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голем скандал со обложување ја потресе Италија, а во истиот се вмешани неколку фудбалери, меѓу кои беа Фаџоли, Тонали и Заниоло.
Сепак, освен фудбалер, најверојатно биле вмешани и тренери, а еден меѓу нив е стратегот на Јувентус, Масимилијано Алегри, барем така пишуваат италијанските медиуми.
Алегри бил снимен во казино во Монте Карло за време на пандемијата на коронавирус, а воедно бил фатен и во обложувалници како се обложува на натпревари од Серија Б.
„Алегри е еден од тие кои често се обложуваат. Еднаш освои повеќе од 30.000 евра и на една личност ѝ даде 3.000 евра за да му уплати тикет со натпревари од Серија Б. Тој редовно се обложува на натпревари од Серија Б зашто има контакти од клубовите“, велат извори за италијанските медиуми.