Алегри верува дека Роналдо го „кочи“ развојот на екипата и ќе го избрка од Јувентус!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новиот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри наводно нема намера да го задржи Кристијано Роналдо во својата екипа и подготвен е да го продаде во летниот преоден рок.

Италијанските медиуми пишуваат дека Алегри смета дека Роналдо го „кочи“ развојот на екипата и поради тоа решил да го продаде Португалецот.

Нема премногу тимови кои би му понудиле на Роналдо договор каков што има во Јувентус затоа што 31 милион евра годишно се премногу, но наводно ПСЖ и Манчестер јунајтед се заинтересирани.

Португалецот во минатата сезона беше најдобар стрелец во Серија А, но на многу натпревари не блескаше на теренот и Јувентус едвај обезбеди место во топ-4.

Роналдо стигна во Јувентус во 2018 година, а во претходните три сезони одигра 133 меча за „бјанконерите“ и постигна 101 гол.