Алегри заврши со одморот: Италијанецот добива работа во Премиерлигата!?


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Италијанскиот тренер Масимилијано Алегри доби отказ од Јувентус на крајот на минатата сезона, откако не постигна добри резултати во Лигата на шампиони, па „Старата дама“ го вработи Маурицио Сари.

Италијанските медиуми пишуваат дека Алегри наскоро ќе го прекине одморот и ќе седне на тренерското место. „Тутоспорт“ објави дека постои шанса Алегри да го гледаме во Премиерлигата на клупата на Манчестер јунајтед.

Наводно, Алегри е прв кандидат за нов тренер на „црвените ѓаволи“, доколку Оле Гунар Солскјер добие отказ, поради лошите резултати со Јунајтед на почетокот на сезоната.

Јунајтед има еден од најлошите стартови на сезоната, па на Солскјер не му е сигурна тренерската позиција, па освен Алегри, Лорен Блан се бори за „жешкото“ столче.