Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поразот од Верона со 1-2 потврди дека Јувентус е далеку од екипата која со години доминираше во Италија. И не само далеку од своите најдобри настапи, туку тимот од Торино е далеку зад главните конкуренти за титулата.
Ова е четврт пораз за Јувентус, а седма средба сезонава во која Јувентус губи бодови и тоа беше повод за Масимилијано Алегри да каже што мисли за досегашниот дел од сезоната.
„Нема смисла што да се каже во овој момент. Во лоша ситуација сме, мора да ја прифатиме реалноста дека сме тим од средина на табелата. Можеме да излеземе од оваа ситуација со малку повеќе решителност и квалитет“, вели Алегри.
Јувентус по 11 меча освои само 15 бодови, а тоа е најлош почеток на сезоната од сезоната 1961/62.