Александар Вучиќ доби брутална порака од српската легенда


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Србија сака да се ослободи од српскиот претседател Александар Вучиќ. Тоа веќе е јасно на сите, а вечерва доби ветување од поранешниот кошаркар Владимир Штимац дека ќе го загуби сето што има.

Владимир Штимац жестоко се залага за промени во Србија. Познатиот кошаркар е огромна поддршка на студентите кои бараат отстапување на Александар Вучиќ од власта и како таков е под сериозен политички удар.

Не се плаши поранешниот репрезентативец на Србија. Многумина го гледаат и како водач на промените, а тој вечерва уште еднаш му порача на Вучиќ дека ќе го загуби сето што има по протестите на 28 јуни во Белград.

„Ти зедовме сè: и грбот и знамето и обидите за доминација и српското и јунаштвото и сето она во што лажно се колнеш. Тоа го зачинуваме со љубов, толеранција и солидарност на сите вероисповеди и нации, сите малцинства и мнозинства. Во сабота го земаме и Видовден. А тоа нема да биде сè што ќе загуби тој ден”, е пораката од Владимир Штимац.

Фото: Принтскрин