Алексис предизвика гнев кај навивачите на Барселона (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Алексис Санчез се најде на удар на навивачите на Барселона затоа што го прослави голот на вчерашниот натпревар во Севиља против неговиот поранешен клуб, а сега објасни зошто го направил тоа.

Најтешко за навивачите на каталонскиот клуб беше моментот во 13. минута кога Севиља постигна гол, а мрежата на Барселона ја затресе некогашниот напаѓач на тимот, Алексис Санчез.

Чилеанецот погоди од белата точка за 1:0, а она што најмногу ги изнервира навивачите на Барселона беше што енергично го прослави голот против клубот во чиј дрес некогаш настапуваше.

Алексис очигледно беше свесен што ќе следи и веднаш по завршувањето на натпреварот објасни зошто го прославеше голот против Барса иако претходно најави дека нема да го стори тоа.

“Претходно најавив дека нема да прославувам ако постигнам гол против Барселона, но не можев да се воздржам. Возбудувањето и страста ме натераа да го сторам тоа. Меѓутоа, длабоко во себе чувствувам голема љубов кон Барса”, рече Алексис.

.