Алиоски блиску до преселба во турскиот шампион!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски е блиску до договор со турскиот шампион Трабзонспор, објави турскиот новинар Халук Ајилдиз.

Трабзонспор по пауза од 38 години стигна до трофејот во турската Суперлига, а сега повторно ќе тргне по услугите на Алиоски, кого сакаше да го купи и минатото лето.

Алиоски треба да биде добро засилување за турскиот гигант, кој следната сезона ќе игра во Лигата на шампиони (ЛШ), па мора да ја засили екипата.

Засега преговорите се во почетна фаза, а се очекуваат дополнителни разговори во текот на следната недела, по што ќе биде појасно дали Алиоски ќе остане во Ал-Ахли или ќе замине во Турција.