Алиоски добил жолт картон од суспендираниот судија?!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Суспендираниот судија Дејвис Кут е под нова истрага во која вмешан е и македонскиот фудбалер, Езѓан Алиоски.

Кут ги негира новите обвинувања и ги нарекува “невистинити и клеветнички обвинувања”.

Судијата веќе е под истрага од страна на Англиската фудбалска асоцијација и е суспендиран од страна на организацијата за професионални судии на Европската фудбалска организација УЕФА поради одделни обвинувања за неговото однесување.

Нов извештај во весникот „Сан“ во вторникот тврди дека Кут разменил пораки со навивач во кои се дискутирало за покажување жолт картон пред и по натпреварот помеѓу Лидс и Вест Бромвич во 2019 година.

Во комуникацијата се спомнува покажување на жолт картон на дефанзивецот на Лидс, Езѓан Алиоски, од страна на Кут. Нема навестувања за каква било финансиска добивка на Кут и картонoт се смета за целосно коректен.

“„Јас силно ги отфрлам овие невистинити и клеветнички обвинувања“,”изјави Кут.