Алиоски избран за најдобар фудбалер на Ал-Ахли во првиот дел од сезоната


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгјан Алиоски со неговите настапи потврди дека е големо засилување за екипата на Ал-Ахли.

Алиоски статистички гледано е најдобар играч на тимот од С. Арабија во првиот дел од сезоната, меѓутоа постои голема шанса дека нема да го носи нивниот дрес и во вториот дел од сезоната.

Интерес за Алиоски постои од екипата на Верона, а како опција се споменува и Лидс, но и уште неколку екипи од Италија.

Алиоски од почетокот на сезоната настапи на 14 од 15 натпревари за Ал-Ахли, кој во моментов е на 13. место во шампионатот.