Алиоски на емотивен начин се збогува од Фенербахче (Видео)


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски го напушта Фенербахче и ќе се врати во Саудиска Арабија, по што ќе треба да реши дали ќе остане во Ал Ахли.

Алиоски одигра 26 натпревари за турскиот гигант, а притоа постигна еден гол и две асистенции.

„Секогаш е тешко да се каже збогум, но таков е животот. Сакам да се заблагодарам за поддршката, беше чест да се биде дел од Фенербахче и да се игра за оваа екипа. Ви посакувам сè најдобро во иднина“, објави Алиоски.