Алиоски нема да игра во С. Арабија: Ал Ахли се откажа поради – пари!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонскиот фудбалер Езгјан Алиоски остана без трансфер во Ал Ахли затоа што екипата од Саудиска Арабија се откажала од левиот бек поради тоа што барал премногу пари.

Новинарот Педро Алмеида објави дека Алиоски ги зголемил неговите барања и сега сака 2,5 милиони евра, наместо два милиони евра, по сезона и поради тоа Ал Ахли се откажа од преговорите.

Македонскиот репрезентативец претходно остана и без трансфер во Галатасарај, а тренерот на турскиот тим кажа дека се откажале од Алиоски поради тоа што барал премногу пари.