Алиоски: Никој не можеше да замисли дека Македонија ќе биде на ова ниво


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонија утре го игра полуфиналниот меч од баражот за Светското првенство, а прв ривал ќе ни биде Италија во Палермо.

Пред натпреварот зборуваше и Езгјан Алиоски кој кажа дека за да ја елиминираме Италија потребно ни е чудо, но и во фудбалот чуда и се случуваат.

„Никој не можеше да замисли дека Македонија како мала држава ќе стигне до ова ниво. Ние веруваме во нашиот квалитет, игравме на Европското првенство, а сега сме во бараж за Мундијал. За да ја елиминираме Италија потребно ни е чудо, но ние веќе направивме сензација со победата над Германија во групите“, кажа Алиоски.

Италија и Македонија баражот за Мундијал го играат утре со почеток од 20:45 часот, а победникот од овој дуел ќе игра за пласман на Мундијал против победникот од второто полуфинале меѓу Португалија и Турција.

Фото: ФФМ