Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски се договорил со Галатасарај и наскоро ќе биде официјално промовиран во турскиот гигант.
„Фанатик“ објави дека Алиоски имал преговори со неколку екипи, но Галатасарај бил најупорен во намерата да го добие неговиот потпис во што успеал на крајот.
Алиоски на крајот на сезоната си замина од Лидс како слободен играч, иако премиерлигашот сакаше да му го продолжи договорот, но не можеше да се договори со македонскиот репрезентативец за висината на платата.
Алиоски, наводно, ќе потпише четиригодишен договор и ќе добива плата од два милиони евра годишно.